Фудбалските возбудувања започнуваат вечерва со натпреварите во Лондон и Неапол.
Актуелниот европски шампион Реал со предност од 2-0 остварена на првиот натпревар во Мадрид ќе гостува на Стенфорд Бриџ кај Челзи.
Во редовите на „Кралскиот клуб“ се убедени дека двата гола позитива се повеќе од доволни за да минат во следната полуфинална рунда.
„Сите“ пак веруваат дека неможе повторно да одиграат така лошо, како што тоа беше случај во Мадрид, но дека ќе им биде пеколно тешко да ја анулираат негативата.
Вечерашниот натпревар за Карим Бензема ќе биде јубилеен 150-то во елитната Лига на шампиони, со што Французинот ќе приклучувајќи на: Кристијано Роналдо, Икер Касиљас, Лионел Меси и Чави Ернандез.
Во италијанската пресметка што ќе се игра на стадионотн „Диаго Армандо Марадона“ во Неапол, македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас и неговиот Наполи го пречекуваат Милан.
Гостите од Милано кои имаа непроспиена ноќ, откако навивачите на домаќините цела ноќ пееја пред нивниот хотел, во овој дуел ќе влезат со еден гол предност (0-1).
Тоа не им дава никаква сигурност на росе-нерите, за прогрес во следната рунда, дотолку повеќе што во тимот на Наполи се враќа нивниот најдобар стрелец Виктор Осимен кој поради повреда ја попушти првата средба.
Ќе направи ли разлика неговиот настап, останува да видиме по вечерашните натпревари што започнуваат во 21 часот.
СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ПОВРЗАНИ СО ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ СЛЕДЕТЕ ГИ ОВДЕ.