Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид веќе со години е Карим Бензема. Тој минатата средата беше стрелец во победата над Челзи со 2-0 (видео голови).

За Бензема тоа беше 11-то гол против англиски клубови во Лигата на шампионите само во последната година. 

Иако сезонава не постигна ниту еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите, магичниот Французин веќе од дуелот со Ливерпул на „Енфилд“ во осминафиналето, најави дека и годинава е на добар пат да го повтори подвигот од минатата сезона кога беше стрелец во сите три елиминациски рунди.

Реал до титулата лани стигна преку Челзи, Манчестер Сити и Ливерпул, а годинава веќе го елинираа Ливерпул, на добар пат е Реал да го стори тоа и со Челзи, а доколку се оди според планот можен противник во полуфиналето ќе им биде Манчестер Сити.

Бензема на „Стенфорд Бриџ“ ќе стане само петтиот играч во Лигата на шампоните што одиграл најмалку 150 натпревар во Лигата на шампионите приклучувајќи им се на: Кристијано Роналдо, Икер Касиљас, Лионел Меси и Чави Ернандез. 

Настапот на Бензема во последните две нокаут фази на ЛШ

Сезона 2020/21
Осминафинале

ПСЖ – Реал 1:0
Реал – ПСЖ 3:1 (Бензема три гола)
Четвртфинале
Челзи – Реал 1:3 (Бензема три)
Реал – Челзи 2:3 (1:3) (Бензема)
Полуфинале
Манчестер с. – Реал М 4:3 (Бензема два)
Реал – Манчестер с. 3:1 (2:1) (Бензема)
Финале
Ливерпул – Реал 0:1

Сезона 2022/23
Осминафинале

Ливерпул – Реал 2:5 (Бензема два)
Реал – Ливерпул 1:0 (Бензема)
Четвртфинале
Реал – Челзи 2:0 (Бензема)
Челзи – Реал ?
Полуфинале
победници од дуели
Реал – Челзи и Манчестер С. – Баерн М.