Мкедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го забележа петтиот последователен пораз во ФИБА Европа Купот на гостувањето во Полска. Скопскиот состав загуби од Џики Варшава со убедливи 89:66, продолжувајќи ја лошата серија без ниту една победа оваа сезона.
- Домашниот тим целосно ја презеде контролата од самиот почеток и замина на полувреме со висока предност од 47:31. Во продолжението полскиот претставник рутински го одржуваше водството и не дозволи македонската екипа да се врати во натпреварот.
- Најефикасен кај победниците беше Џозеф Жирард со 18 поени, додека кај МЗТ единствен двоцифрен беше Адем Мекиќ со 11 поени.
- Следниот натпревар во ФИБА Европа Купот македонскиот тим ќе го одигра на 11 ноември на гостувањето кај грчкиот претставник Ираклис.



































