Македонската кошаркарска Супер лига денеска продолжува со два исклучително интересни натпревари со кои се комплетира петтото коло. Во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, а потоа следува средбата Куманово – Кожув.
МЗТ бара рехабилитација за поразот од Струмица
Актуелниот шампион МЗТ Скопје денеска од 14:00 часот во салата „Јане Сандански“ го пречекува битолски Пелистер.
Аеродромци на овој натпревар влегуваат со јасна цел да се вратат на победничките патеки. Имено, во моментов сино-белите, се на третата позиција со учинок од три победи и еден пораз. Тие ќе бараат брза рехабилитација по неочекуваниот „кикс“ на гостувањето кај Струмица во минатото коло, кој резултираше со прекинување на соработката со тренерто Атанасов.
Од друга страна, битолските зелено-бели во главниот град патуваат со огромна мотивација и самодоверба. Тие во претходното коло славеа во ефикасниот меч против составот на Скопје. Меѓутоа, Пелистер досега има половичен ефект од две победи и два порази во оваа кошаркарска Супер лига. Според тоа, денешниот дерби дуел во Аеродром претставува вистински тест за нивните високи амбиции сезонава.
Во Куманово гостува второ пласираниот Кожув
Покрај скопското дерби, вториот денешен дуел се игра од 18:00 часот во Спортската сала во Куманово.
Домашниот состав на МКК Куманово пред својата публика ќе ги одмери силите со расположениот тим на Кожув. Всушност, гевгеличани играат во одлична форма и го држат второто место со три триумфи и еден пораз. Во минатото коло тие беа подобри од екипата на Тиквеш со резултат 90:81.
За кумановци оваа пресметка со Кожув е од огромно значење за приклучок кон горниот дел од табелата. Тие моментално имаат скор од две победи и два порази во досегашниот тек од домашното првенство. Дополнително, домаќините сакаат да се „искупат“ за поразот на тешкото гостување кај лидерот Работнички во претходната рунда. Затоа, сите љубители на македонската кошаркарска Супер лига денеска ги очекуваат два максимално неизвесни натпревари.
Двата натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































