Македонскиот кошаркарска шампион МЗТ Скопје Аеродром, ќе има нов тренер. Вчерашниот пораз од Струмица во Супер лигата ја прелило „чашата“ со лоши резултати. Епилогот е промена на тренерот.
Од тимот на МЗТ ја информираа јавноста дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, Васко Атанасов, спогодбено ја прекинаa меѓусебната соработка.
Новата сезона МЗТ ја почнаа со одбрана во Супер купот на Македонија, и врза три победи во домашното првенство. Сепак на меѓународната сино-белите не знаат за триумф. Четири од трите порази во ФИБА Европа купот, тимот на МЗТ ги претрпе на домашен терен. Стартуваше македонскиот првак и со пораз во АБА2 лигата, а вчерашниот неуспех во Струмица само ја потврди кризата.
Управата на клубот информира дека името на новиот прв тренер ќе биде соопштено во текот на наредните денови. Дотогаш, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов – Дејан Србиновски и Тино Даневски.
Следниот предизвик за МЗТ е битолски Пелистер во недела во Супер лигата, по што на 4 ноемнвбри ќе следува гостиувбаето во Варшава во натпреварот од ФИБА Европа купот.


































