Време е за големото македонско ракометно дерби кое секогаш привлекува огромно внимание кај спортската јавност. Во недела во Скопје, шампионот Вардар го пречекува вицепрвакот Еурофарм Пелистер во рамките на деветтото коло во Суперлигата. Оваа пресметка во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде прво сезонско соочување на двата најголеми ривали.

Тренерот на скопскиот состав, Иван Чупиќ, најави неизвесен натпревар и посакува победа пред домашната публика. Хрватскиот стратег очекува голема борба на теренот, но силно верува во квалитетот и карактерот на своите избраници.

„Најголемо дерби во Македонија, играме дома и се надеваме на вистинска спортска атмосфера пред полна сала.

Дерби како дерби, сигурно ќе биде полно со огромна тензија и емоции на двете страни.

Вардар секогаш кога игра дома е фаворит, во нашата сала никој друг не може да биде тоа“, изјави Чупиќ.

На првенствената табела Вардар е актуелен лидер со максимален учинок од осум победи и нема пораз досега. Ривалот Еурофарм Пелистер заостанува само еден бод, откако претходно забележа едно реми против екипата на Охрид.

Големиот ракометен спектакл меѓу лутите ривали е закажан за во недела со почеток во 17:45 часот.

 

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б