Атлетико Мадрид забележа нова победа од 2:1 на домашен терен (4-та во низа) во натпреварот против Алмерија и му се доближи на второпласираниот Реал Мадрид на само 2 бода.
Головите во првото полувреме и на натпреварот во екипата на Атлетико Мадрид ги постигна Антоан Гризман (во 5-та и 44-та минута), додека единствениот гол за Алмерија беше автоголот на Хименез во 37-та минута.
На полувреме фудбалерите на двете екипи заминаа со резултат 2:1.
Домаќините со тешки маки во второто полувреме успеаја да ја задржат минималната предност од првиот дел и да извојуваат важна победа.
Сега Атлетико има 60 бодови, два помалку од Реал кој е на второто место, но екипата на Диего Симеоне во следното коло му гостува на лидерот Барселона, додека Реал ја пречекува Селта Виго.
Марио Петровски