Ракометарите на Алкалоид многу потешко од очекувањата стигна до победата во вечерашниот дуел со Тиквеш на домашен терен со 31:30.
Алкалоид многу потешко стигна до победата, а најзаслужен е голманот Иван Галевски, кој успеа да го одбрани последниот удар на Тоше Ончев за изедначување.
Алкалоид во најголемиот дел од натпреварот водеше со три разлика, а Тиквеш во три наврати изедначи (1:1; 7:7 и 30:30). Одбраната на Галевски во последната секунда беше негова вкупно седма. Најефикасен беше Бен Мехфуд со 7 голови.
На чело на табелата со по 10 бодови се Вардар и Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер има 9, а Охрид 7.
Распоред
Се вчитуваат резултатите…
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































