Актуелниот првак Вардар ја забележа петтата победа во исто толку одиграни натпревари во машката ракометна Супер лига. 

Термина колата но вардарци се погрижија премногу лесно да го добијат ривалот Охрид, на дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“, Вардар го победи Охрид со 27:18.

Уште воведните петнаесет минути се виде дека. Вардарци не размислуваат за ништо друго освен за триумф на овој меч. Од самиот почеток ја презедоа контролата над играта со тоа и резултатот па веќе во седумнаесетта минута имаа пет голови предност (8:3). Избраниците на Иван Чупиќ продолжија во ист ритам па на одмор заминаа со +8 (14:6). 

Дека гостите од Охрид и нивниот тренер Ројевиќ нема идеја како да му се спротивстават на расположението домаќин се потврди и во вториот дел. Вардарци во четириесет и шестата минута имаа и убедлива предност од плус 13 (26:13). Беше дека продолжението на натпреварот ќе биде само чиста формалност поцрвено црните на крајот славеа со конечни 27:18. 

Вардар се врати на лидерското место на табелата со максимални 10 бодови. 

Инаку овој меч, истовремено се бодуваше и за Регионалната лига (РРЛ) во која двата тима играат во Б групата.