Штип од денеска и официјално е на  суперлигашката мапа во Македонија. 

Дебитантот во најквалитетната кошаркарска конкуренција ГКК Штип, пред своето публика во новата сала „Џексон“ вечерва е домаќин на кавадаречки Тиквеш. 

Победата, за успешен старт на сезоната, е императив за двата тима, велат тренерите Србиновски и Манев. 

„Првиот натпревар секогаш е важен, но не е пресуден. Секако сакаме да ја отвориме сезоната со победа. Ќе дадеме максимум во овој моменет за тоа да се случи. Ние како ГКК Штип сакаме да даваме максимум на секој натпревар, како на домашен, така и на гостински паркет“, изјави Марјан Србиновски шевот на стручниот штаб на Штип. 

kosarka-stip-marjan-strbinovski-treneр  , kosarka-tikves-atanas-manev-trener.

Иста е желбата и на неговиот колега од Кавадарци. 

 „Ждребката сакаше во првите две кола да играме на гостински терен. Секако дека посакуваме да отвориме прво коло со победа, Тоа би било дополнителен плус и од психолошки аспект. Но сметам дека оваа сезона секој натпревар, а особено секоја победа ќе е важна, оттука, одиме чекор по чекор. Сигурен сум дека ако прикажеме добра игра и дадеме се од себе, веќе во третото коло, односно на првиот домашен натпревар ќе не пречека полна сала, а ние знаеме како да и се оддолжиме на нашата верна публика“, истакна Атанас Манев. 

Денешниот натпревар меѓу Штип и Тиквеш што ќе почне од 18 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇 .

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа О П И кош +/- Б