Фудбалските репрезентации на Словенија и Шкотска одиграа натпревар без голови во рамките на 1коло од Лигата на нации. Овој натпревар е дел од групата 1 во „Б“ сегметнот на ова натперварување, во која настапувца и репрезентацијата на Макдон ија.
Тврд и неизвесен дуел одиграа двете селекции кои имаа свои шанси на теренот, но мрежите мируваа благодарение на одличните интервенции на голманите.
Јан Облак беше на висина на задачата и спречи неколку опасни обиди на шкотските напаѓачи во вториот дел. Од друга страна, домашните фудбалери преку Вања Дркушиќ ја погодија стативата по еден одличен скок во шеснаесетникот.
На крајот, Словенија и Шкотска мораа да се задоволат со по еден освоен бод од овој натпревар. Овој нерешен резултат остава отворен простор за вистинска возбуда во понатамошниот тек од фудбалската Лига на нации.
Вториот натпревар од оваа конкуренција се игра вечерва во Скопје, каде Македонија ја пречекува Швајцарија (20/45 часот).




































