Повеќе од една година македонија се нема израдувано на успех на својата најдобра фудбалска репрезентација.

Последниот триумф македонските фудбалери го забележаа на 7 септември минатата 2025 година. Во квалификациите за Мундијалот со совладувајќи го Лихтенштајн со 5:0 на домашен терен.

Оттогаш наваму минаа осум ќе натпревари на кои Македонија петпати одигра реми (од нив четири дуели 0:0 и еден 1:1). На останатите три претрпевме три убедливи порази (Велс 7:1, Данска и Турција 4:0).

Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски Македонија не само што не знае победа, туку не знае да постигне ниту гол. И наместо ова да го загрижи селекторот тој на неодамнешната прес-конференција изјави дека бил презадоволен од напаѓачите.

На тие четири натпревари македонските фудбалери имаат упатено севкупно 15 удари, а од нив само 4 во рамките од голот.

Со ваква погубна на статистика на реализација не е ни чудно што нашата селекција не може да се израдува на победа, туку и не може да постигне гол.

Што има наум селекторот Седлоски и дали ќе менува нешто во играта пред се нападот, останува да видиме во натпреварот против Швајцарија.

А кога во прашање е овој противник задачата на македонските репрезентативци ќе биде уште потешка. Тоа пред се имајќи го во предвид од личниот избор на дефанзивни играчи кои го има швајцарскиот селектор.

Македонските фудбалери сигурно ќе имаат мотив повеќе да ја прекинат оваа лоша низа. Се очекува голема на бројка на навивачи на арената „Тодор Проески“ на дуелот што ќе почне од 20.45 часот.