Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од Црна Гора во вториот натпревар на турнир „Трофеј Македонија“.
Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, црногорските ракометарки славеа 23-29.
Уште во првото полувреме Црногорките успеаја да изградат голема предност и да заминаа на одмор со позитива од 15-9. Македонските репрезентативки се соочија со физички подобро подготвен и исклучително силен ривал ги казнуваше сите грешки. Црногорките и во вториот дел ја контролираа играта и резултатот и заслужено ја впишаа втората победа.
Повредите на Ана Марија Коларовска, Ивана и Ангела го нарушија планираниот систем на ротација за новиот макњоднски селекцтор Игор Марковиќ и дополнително ја отежнаа ситуацијата на теренот.
Сара Ристовска го предводеше нашиот состав со осум погодоци, додека Моника Јанеска реализираше четири пати.
Во првиот денешен натпревар Хрватска ја совлада Србија со убедливи 28-15.
Така утрешниот мече меѓу Македонија и Хрватска директно ќе одлучува за второто место на турнирот.































