Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за претстојниот циклус во УЕФА Лигата на Нации.
Македонија за 10 дена ќе одиграат 4 натпревари.
Се ќе започне во сабота со натпреварот против репрезентацијата на Швајцарија еден од главните фаворити во нашата група. Како што истакнуваат од црвена-жолтиот табор целиот фокус е токму на дуелот против Швајцарците.
„Нé очекуваат четири многу тешко натпревари. но моментално за нас постои само една, таа во сабота против Швајцарија.
Ги знаеме нивните квалитети, но ние мораме само да се фокусираме на себе, да не правиме грешки, бидејќи секоја наша грешка може да не чини многу. Тоа Швајцарија го покажаа во Мундијалот, покажа дека се во озбилна форма и дека се озбилни, секој поединец.
Сепак, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме самодоверба дека може да се направи добар резултати, па така ќе влеземе и на овој натпревар“, изјави Елези.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија што ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје на програмата е во сабота во терминот од 20.45 часот.




































