фудбалската репрезентација на Македонија наскоро почнува во нов циклус натпревари во УЕФА Лигата на Нациите. За прв пат македонските фудбалери ќе играат во втората квалитативна конкуренција, односно Б сегментот.
Македонија е дел од групата 1, во која за противници ќе ги има Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Со овие три репрезентации редоследно како и на гласувањето кај Швајцарија, македонските фудбалери за само десет дена ќе одиграат четири натпревари.
Селекторот Гоце Седлоски денеска ја имаше првата прозивка, со неколку промени во тимот, нови имиња, повратници и искусни фудбалери. Седлоски ќе се обиде да ја прекине својата, но и лошата низа на репрезентацијата. Под раководство на Седлоски, Македонија се уште се нема израдувано ниту на победа, ниту на постигнат гол.
Ќе се промени ли нешто во играта и резултатите иста убав да видиме.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на домашен терен на 26-ти септември во Скопје, а потоа на 29-ти следува гостување кај Словенија. По ист редослед (дома-гости), ќе си играат и октомвриските натпревари, со Шкотска на трети и Швајцарија на шести.
ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА



































