Ракометарите на Тиквеш забележаа пирова победа од 33:32 против луксембуршки Еш во реваншот од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Овој минимален триумф за кавадарчани не беше доволен за пласман во следната фаза од европското ракометно натпреварување. Гостите од Луксембург патуваат понатаму благодарение на победата од 30:27 на првиот меѓусебен натпревар исто така одигран во Кавадарци вчера.
Најефикасен во домашниот табор беше Бен Махфуд со девет постигнати гола. Лазов одигра беспрекорен натпревар и запиша осум погодоци од исто толку обиди кон голот.
Македонија сега останува со три претставници во ЕХФ Европскиот Куп оваа натпреварувачка сезона. Екипите на Охрид, и Алкалоид кои го освоија трофејот во ова натпреварување во последните две сезони, како и составот на скопски Бутел. Тие ќе полнат со натпревари во второто коло.



































