Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз на Европското првенство.
Во дуелот од софиската „Б“ група, Македонија е поразена од европскиот шампион полска со 0:3 во сетови. Дека противникот е апсолутен фаворит никој немаше дилеми, но она што радува е борбената игра на македонските одбојкари.
На почетокот на првиот сет бевме рамноправи до 7-8, по што европскиот првак, со неколку серии успеа да се одлепи. Полска го доби првиот сет со најголемата разлика во него +6 (19-25). Вториот Полјаците го отворија со три врзани поени кои им овозможија полесно да го продолжат. Тој сет противникот го реши во своја полза со 25-16. Третиот беше само формалност (13-25), па Полска ја впиша третата победа, а Македонија, третиот пораз.
Ова беше вториот меч денеска од „Б“ групата во Софија, во која претходно Израел со 3-2 ја победи Португалија. А, токму против овие две селекции, Македонија ќе ја бара шансата за местото што води во нокаут фазата.
Следен противник на Македонија е Португалија во вторник (15.09), а во среда (16.09) ќе играме против Израел. Двата меча се закажани во терминот до 15 часот.


































