Македонската одбојкарска репрезентација претрпе четвртиот пораз на Европскиот шампионат. На дуелот од 4.коло во софиската група „Б“ подобра од Македонија беше Португалија која славеше со 0-3 во сетови.
Првиот сет донесе целосна доминација на португалските одбојкари, кои уште од самиот почеток направија серија поени за висока предност. Македонскиот состав се мачеше со организацијата на нападот и лошиот прием. Тоа противникот го искористи и го доби сетот со убедливи 13-25.
Во вториот сет македонските репрезентативци пружија многу поголем отпор. Се до средината имавме и предност, но во вториот дел Португалците со серија од четири поени се одлепија, Тоа беше недостижно за македонските одбојкари, па противникот го доби и тој сет со 20-25. Тоа веќе го најави конечниот епилог, а и третиот сет мина како вториот и заврши со ист резултат.
Со овој пораз, Македонија ги загунби шансите за освојување на 4.место во оваа група, а со тоа и пласман во нокаут фазата.
За нашите одбојкари останува само уште мечот со Израел што ќе се игра утре (15 часот).






























