Македонските борач Фати Вејсели и Реџеп Хајдари обезбедија пласман во полуфиналето на Медитеранските игри Таранто 2026.

Хајдари во категоријата до 97 килограми слободен стил, одработи две борби во групната фаза. Тој започна со пораз од грчкиот натпреварувач Даурен Куруглиев со резултат 0-10. Сепак, во клучната втора борба убедливо го совлада Валид Чеик Лахлу со техничка туш 11-0. Во битката за финалето Хајдари ќе ги одмери силите со францускиот претставник Адлан Висханов. Борбата е закажана за денеска со почеток во 17:24 часот.

А, претходно 17 часот и 8 минути, е закажано полуфиналето во категоријата до 74 килограми. Во него македонскиот репрезентатовец Фати Вејсели за противник ќе го има турскиот борач Јасин Јесил.

Ова откако Вејсели прво беше подобар од тунискиот натпреварувач Хаиридин Бен Тлили со резултат 6:3. Победничката серија на македонскиот борач продолжи и во дуелот со Омар Мохамед Амин Махмуд Мурад од Египет кого го совлада со 4:1.

Останува надежта дека двајцата наши борачи ќе ја израдуваат македонската јавност. Ова особено по елиминацијата на двојкиот медитерански шампион Могамедгаџин Нуров остана без медал на овие игри.

На пат кон полуфиналето е и нашиот олимпиец, таеквондистот Дејан Георгиевски кој од 16.15 часот ќе ја има четвртфиналната борба во категоријата +80 килограми.