Еден од главните фаворити за медал за Македонија на Медитеранските игри, Могамедгаџин Нуров ќе остане без медал.
Македонскиот борач кој го освојуваше златото во Тарагона 2018 и Оран 2022, сега во Таранто завршува дури и без медал.
Нуров претрпе два порази во категоријата +125 килограми. Прво беше совладан од Алибек Хосонов од Грција со 2:6. Надежта ја врати со победата над Италијанецот, Абрахам Конједо Руано со 7-2 . Сепак во третата борба која носеше пласман во полуфиналето, Нуров загуби од Парис Карепи од Албанија со 0:5.
Така Нуров остана без шанса да направи „хет-три“ односно три пати во низа да стане медитерански шампион.


































