Големиот македонски адут за медал на Медитеранските игри, тековниот Дејан Георгиевски почна со победа.

Тој имаше тепка борба осминафиналето во категоријата +80 кгр, против Моатаз Ифауи од Тунис. Дејан ја доброи првата рунда со 5-4, но во втората противникот беше подобар со 0-5. Во решавачката трета рунда Георгиевски во последните секунди освои поени и со 4-3 ја доби истата, а со 2:1 во рунди борбата. Следен противник на Фејан во четвртфиналето ќе биде Турчинот, Хусеин Берат Демирџиоглу. Борбата е закажана за 16.12 часот.

Филип Блажевски кој настапи во категоријата -80, ги загуби двете рунди од Босанецот, Неџат Хусиќ и го заврши настапот.

Пливачките имаа само симболичен настап.

Во квалификациите ан 200 метри слободен стил имавме пријавено тројца пливачи. Никола Ѓуретановиќ не се појави на стартот на трката, додека Огнен Славковски заврши последен 18-ти. Во женска конкуренција, Сара Јовановиќ имаше 14-ти резултат во конкуренција на 15 пливачки.