Младата репрезентација на Македонија до 18 години, повторно одигра нерешено, против соодветната селекција на Црна Гора во вториот контролен натпревар меѓу овие две репрезентации, одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, крај ФФМ.
Во првиот дел нашите фудбалери имаа повеќе од играта, но и по неколкуте убави шанси резултатот остана почетниот.
На стартот на вториот дел, односно по само три минути игра (48), големата грешка на гостинската одбрана ја искористи Александар Богдановски и ја претвори во гол за водство од 1-0.
По примениот гол гостите ја презедоа иницијативата, создаваа шанси, но ние на голот го имавме одличниот Љупче Џеков, кој сепак беше неможен во 82-та минута. Откако одлично интервенираше по еден обид на гостинските фудбалери од далечина, во продолжението на акцијата, заспаноста на нашата одбрана ја искористи Ромарио Цамај.
До крајот на мечот немаше посериозни шанси, па натпреварот заврши без победник 1-1.