Дарио Ивановски кој беше единствениот македонски атлетичар на Европското првенство во Бирмингем, денеска настапи на маратонската трка.

Ивановски заврши како 46-ти во конкуренција на 60 натпреварувачи. Тој маратонската патека ја истрча за време од 2:22:39 што беше далеку под очекуваниот резултат. Имено, најдобриот резултат сезонава на Дарио е на трката во Белград каде истрча за 13 минути побрзо (2:09:35).

Подесување дека неговиот личен, воедно и македонски рекорд е 2:08:26, поставен на маратонот во Севилја 2024 година.