Екипата на Интер Мајами втор пат во низа е поразена. Откако беше елиминирана од северноамериканскиот куп, тимот од Флорида, сега го загуби дербито против Нешвил.
Дуелот на двете првопласирани екипи во источната конференција на МЛС лигата заврши со убедлива победа на Нешвил со 4-1.
Лионел Меси го започна својот прв натпревар во стартниот состав, по смртта на неговиот татко Хорхе, но вечерта не мина според неговите очекувања.
Нешвил поведе во 16-тата минута преку Енди Нахар, а во 23-тата Меси имаше шанса да го израмни резултатот. Сепак, Аргентинецот не успеа да реализира пенал. Неговиот удар од белата точка го одбрани домашниот голман Брајан Шваке. Иако Серхио Регилон ја смести одбиената топка во мрежата, голот беше поништен поради предвремено влегување во казнетиот простор.
Интер Мајами израмни пред самиот крај на првото полувреме со гол на Теласко Сеговија, а по асистенцијата на Меси.
Сепак, Нешвил целосно доминираше во второто полувреме. Хани Мухтар постигна два гола (48 и 62.минута), а Сем Сариџ ги постави конечните 4-1.




































