На кадетско Европско првенство за ракометари до 18 години чиј домаќин е Белград денеска е слободен ден.

Македонска селекција со двете врзани победи, над Италија и Турција, избори место меѓу 16-те најдобри на шампионатот, а со тоа и опстанок во елитната конкуренција. Воедно, пласманот меѓу 15 најдобри гарантира и место на следното Светско првенство. Но, и доколку домаќинот на Мундијалот е меѓу нив, тогаш сите 16 селекции ќе играат на Светскиот шампионат.

Сега за избраниците на селекторот Горан Кузмановски претстојат натпреварите во разигрување за пласман од 9 до 16 место, во конечниот поредок.

Првиот предизвик утре, точно на пладне (12 часот), ќе биде селекцијата на Фарските Острови.

Во оваа конкуренција се и селекциите на: Португалија, Шведска, Србија, Австрија, Полска и Израел.