Ракометната селекција до 18 години го претрпе и третиот, пораз на Европскиот шампионат во Белград.

Во натпревар кој директно решаваше за третото место во А групата, подобра од Македонија беше селекцијата на Шведска која го доби натпреварот со 29-33.

Од самиот старт противникот ја наметна својата игра и го отвори натпреварот со три врзани голови (0-3), на кои македонските јуниори не успеаја да одговорат. Шведска ја контролираше играта и во продолжението, фала неколку наврати имаше и најголеми шест голови предност. Сепак македонските јуниори со серија од 4 гола на полувреме замина со негатива од два гола 16-18.

И во вториот дел иста слика на теренот. На крајот сосема заслужено Швеѓаните беа оние кои се израдуваа на својата прва победа.

Така, со три порази во исто толку одиграни натпревари, македонските надежи завршија последни во својата група.

Во продолжението на првенството избраниците на селекторот Горан Кузмановски ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место