Екипата на ТФТ од Скопје го промовира своето второ странско засилување за следната сезона.
По Американецот, Накавиеон Вајт, тимот од Тафталиџе, ангажира репрезентативец од Гвинеја.
Станува збор на Секу Сила кого од ТФТ го претставија како „Машината за дабл-дабл“.
Минатата сезона тој настапувал за Копинг Старс во првата шведска лига, остварувајќи доминантен просек на „дабл-дабл“. Неговиот учинок во просек бил по извонредни 21,6 поени и 10,7 скока по натпревар, докажувајќи се како еден од најпродуктивните центри на теренот.
Во текот на својата кариера настапувал и во САД (NCAA Дивизија I и II), Австралија, Финска, Словачка и Доминиканската Република.
Секу Сила ќе треба да помогне на тимот на ТФТ како во натпреварите во домашното првенство и купот, така и во регионалната АБА2 лига во која лани стигна до финалето.




































