Американскиот бек Ноа Фарахан (25 години, 185 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје. Тој денеска и официјално стави потпис на договорот со макеоднскиот првак.

Станува збор за квалитетен плејмејкер, кој зад себе веќе има една европска сезона. Истата ја почна во босански Студент, продолжи во Игокеа и Борац Бања Лука, а ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно.

Универзитетската кариера ја започна во Источна Каролина, по што настапуваше и за Вест Вирџинија, како и за Хемптон Пајратс. Минатото лето одигра четири натпревари во дресот на Сан Антонио Спарс во Летната НБА-лига, каде што дополнително го потврди својот потенцијал.

Македонската кошаркарска јавност добро го памети неговото издание токму против МЗТ Скопје во АБА2 лигата, кога постигна 27 поени и седум асистенции.

Фарахан е второто странско засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по босанскиот центар Емир Крајиниќ. Договори со клубот имаат и? Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски. Повратници во тимот се, Лука Стојановски и Никола Василевски, додека тренер на екипата останува Васко Атанасов.