Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Франција.

Француската фудбалска федерација му укажа доверба на поранешниот тренер на Реал Мадрид за четиригодишен мандат сè до 2030 година. Со овој потег официјално завршува ерата на Дидие Дешамп, кој мина дури 14 години на селекторската позиција.

Зидан доаѓа на кормилото по петгодишна пауза од тренерската професија. Во периодот меѓу 2016 и 2021 година, тој се истакна како еден од најуспешните тренери во современиот фудбал. На Реал Мадрид му донесе три последователни титули во Лигата на шампиони (2016, 20217 и 2018 година).

Неговото деби е закажано за септемвриските натпревари во Лигата на нации. Французите најпрво ќе гостуваат во Турција, додека првиот домашен натпревар за новиот кормилар ќе биде дуелот против Италија на стадионот во Париз.

Главна цел на новиот селектор ќе биде одржување на високиот репрезентативен стандард и освојување трофеи на претстојните големи натпреварувања.