Екипата Шкендија ја оправда фаворитската улога во новајлијата Скопје во пследниот натпервар од воведното коло на новата сезона во Првата лига.
Тетовци како домаќини на ФФМ, пред празни трибини, го совладаа Скопје со 3-0, со што го заокружија победничкиот ефект на домашните екипи во оваа рунда.
Тетовци до победата стигнаа потешко од очекуваното, а предноста ја остварија во рана предност. Веќе во 17.минута Шкендија поведе со голот на Нзенгуе уште во десеттата минута од натпреварот.
По водечкиот гол, домашниот состав ја презеде контролата над играта и диктираше ритам. Фудбалерите на Шкендија вршеа постојан притисок, создавајќи неколку опасни можности за зголемување на резултатот пред заминување на одмор. Гостите од Скопје главно се бранеа и се обидуваа да се заканат преку ретки и брзи контранапади.
И во второто полувреме иста слика на теренот. Тимот од Автокоманда упорно се бранеше, но потклекна во 66.минута кога Фабрис Тамба зголеми на 2-0. Конечниот резултат резултат го постави Бразилецот, Рафаел во 75-тата минута. Во судиското дополнение Бесарт Ибраими не искористи пенал, па резултатот остана 3-0 за Шекендија.
Во следното коло, Шкендија ја чека дербито со шампионот Вардар на гостински терен.
Во меѓувреме двете екипи ќе се фокусираат на реванш дуелите од во второто квалификациско коло за Конференциската лига. Вардар во вторник гостува кај Рига, а во четврток во Скопје, Шкендија го превлекува словенечкиот тим Браво. Двете македонски екипи имаат негативен резултат од првите дуели.


































