Двата последни шампиони во Лигата на шампионите на мегдан во четвртфиналето. Ова воедно ќе биде реприза од ланското четврт-финале, во кое славеше Реал Мадрид.

Во Лигата на шампиони, ова ќе биде петти меѓусебен натпревар. Челзи славеше два пати, еднаш Реал и еден натпревар заврши без победник.

Лампард и Анчелоти се познаваат многу добро, од времето кога Италијанецот ги водеше Чалзи, па очекуваме нивно надмудрување.

Реал по се изгледа ја губи битката со Барселона во домашниот шампионат, па од тука може да се каже дека сите карти се фрлени во Лигата на шампионите.

Бројот на освоени титули на двата тима дава до знаење како да е ова натпреварување кое многу им прилега.

Во Лондон повторно „црни облаци“. Лампард како привремено решение ќе се обиде да го „угасне пожарот“, меѓутоа започна многу лошо. Лигата на шампионите е единствената опција, која може да ја спаси оваа сезона.

Вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид – Челзи започнува во 21 часот.

Филип Василевски