По сите превирања, препукувања, па и обиди за физички пресметки, попладнево нé очекува интересен дуел меѓу одбојкарките на Јанта волеј и Наковски волеј.

Во Кисела Вода, на денеска програмата е третиот, решавачки натпревар меѓу овие два тима во полуфиналето од плеј-офот, кој треба да го даде противникот на актуелниот шампион Работнички Скопје во големото женско финале.

Во првите две средби, домашниот терен се покажа како предност, но сега околностите и мотивите се поинакви и уште поголеми, да се надигра противникот.

Се надеваме дека овој меч ќе го „обели образот“ на женската македонска одбојка, и дека ќе мине во најдобар ред, како на трибините така и долу на теренот.

Средбата меѓу Јанта волеј и Наковски волеј ќе започне во 17.30 часот.

Истото важи и за утрешната мајсторка во машкиот полуфинален дуел меѓу Шкендија и ГОК Борец што ќе се игра во Тетово.