Две европски селекции (Франција и Шпанија) веќе обезбедија полуфинале на фудбалскиот Мундијал. И по третиот четвртфинален меч, ним ќе им се приклучи уште една од „стариот“ континент.
За тоа ќе решаваат фудбалерите на Англија и Норвешка кои ќе играат вечерва во Мајами.
Дуелот меѓу два европски тима носи судир на сосема различни фудбалски филозофии и очекувања. И двата тима имаат иста цел, која ќе се обидат да ја остварат на свој начин.
Англија, под водство на германскиот селектор Томас Тухел, стигна до оваа фаза како еден од фаворитите за освојување на турнирот. Норвешка, предводена од Столе Солбакен, веќе постигна историски успех и влегува во натпреварот како екипа што го приреди најголемото изненадување на првенството.
Освен тактичките идеи на тренерите, натпреварот сигурно ќе биде решен од индивидуалниот квалитет на најголемите ѕвезди. Дуелот помеѓу Хари Кејн и Ерлинг Халанд е судир помеѓу двајца од најдобрите класични напаѓачи на денешницата
Тие двајца се во трка за најдобар стрелец на Мундијалот, заедно со Меси и Мбапе кои имаат постигнато по 8 голови. Халанд досега даде 7, а Кејн кој ќе игра на спротивната страна има еден помалку (6).
Кој ќе биде поефикасен и кој ќе стигне до победата вредна полуфинале, ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне од 21 часот. Победникот од овој натпревар, ќе го чека исходот од дуелот Аргентина – Швајцарија.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|





























