Француски репрезентативец Оливие Жиру во наредните денови ќе го продолжи договорот со Милан се до 30 јуни 2024 година, објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.
Жиру кој има договор со Милан до јуни годинава, а претставниците на францускиот фудбалер веќе со недели преговараат со раководството на „Росонерите“ околу продолжување на соработката.
Договорот конечно беше постигнат и искусниот француски репрезентативец во следната сезона ќе заработи околу 3,5 милиони евра.
Романо тврди, дека Жиру имал понуда да ја продолжи кариерата во Евертон, но решил да остане во тимот на Милан каде се чувствува одлично.
Жиру (36) е член на Милан од 2021 година, а претходно играше за Челзи, Арсенал, Турс, Монпеље, Истр и Гренобл. Францускиот фудбалер сезонава одигра 36 натпревари и постигна 12 гола.