300.000 денари е вкупната парична казна што треба да ја поделат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, за инцидентот што се случи во „Јане Сандански“ на нивната меѓусебна пресметка.

Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија, изречена по прибирањето на дополнителните изјави и материјали, од сите инволвирани.

Така Вардар и Пелистер ќе платат по 150.000 денари, а црвено-црните наредните два натпревари против Охрид и Е. Пелистер 2, ќе ги играат пред празни трибини, односно без присуство на публика.