Капитенот на Париз Сен Жермен, Маркињос постигнал договор со челниците на клубот околу продолжување на соработката до 30 јуни 2027 година, пренесуваат француските медиуми.

Во саботата навечер во триумфот над Ница (2:0), Маркињос го одбележа својот 400-ти настап во дресот на парижаните.

28-годишниот Бразилец има договор со ПСЖ до 30 јуни 2024 година, но по неколкумесечни преговори реши кариерата да ја продолжи со актуелниот владетел на францускиот фудбал.

Маркињос на „Паркот на принцовите “пристигна во 2013 година од Рома за 31,4 милиони евра, а пред римскиот клуб настапуваше за Коринтијанс.

Со клубот од Париз освои 26 клупски трофеи на одиграни 400 натпревари и има постигнато 38 голови.