Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе добие ново име во своите редови. Американецот, ДиВејн Стјуард Јуниор ќе биде новиот натурализиран играч на националниот тим.
Станува збор за кошаркар со сериозно американско потекло и богато натпреварувачко искуство. Роден на 28. јули 1999 година во Мисисипи, САД, Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции.
Неговата кошаркарска приказна започнува во НЦАА лигата, каде го носеше дресот на Мисисипи Стејт Булдогс, еден од познатите универзитетски програми во САД.
Во колеџ периодот се профилираше како еден од најдобрите играчи на својот тим. Во сезоната 2020/2021 беше лидер на Мисисипи Стејт, со просек од 16 поени, 3,4 скока и 3,1 асистенција по натпревар.
По завршувањето на колеџ кариерата, Стјуарт го направи следниот чекор кон професионалната кошарка.
Беше дел од НБА развојната лига, каде настапуваше за Сиукс Фолс Скајфорс и Остин Спарс, собирајќи искуство.
Европскиот предизвик го донесе во редовите на Цедевита Олимпија, каде се адаптираше на поинаков стил на игра и ја продолжи кариерата на високо ниво. Во европската кошарка покажа дека може да биде значаен фактор со својата атлетика, игра „еден-на-еден“, способност да погодува од дистанца и агресивност во нападот.
ДиВејн Стјуард Јуниор би требало да дебитираа во црвено-жолтиот дрес на Македонија, на претстојните дуели од претквалификациите за ЕП 2029. Нашата селекција на 2 и 5 јули ќе ги игра натпреварите со Ирска и Луксембург.


































