Бранителот на титулата Светски фудбалски првак, Аргентина со триумф го почна новиот Мундијал во САД, Канада и Мексико.
Аргентинците во натпреварот од Ј групата со совладаа Алжир со 3:0, а сите три гола ги постигна Лионел Меси.
Во првите осум минути, двапати се тресеа двете мрежи. Сепак головите на Меси и Чаиби, не беа признати поради офсајд. Затоа пак оној на Лионел Меси од 17-та минута беше регуларен. Меси со фантастичен удар од дваесетина метри го совладал алжирскиот голман за водство на Гаучосите од 1-0.
Во вториот дел, Меси продолжи со своето гол-шоу. Во 60-тата минута го постигна вториот, а во 76-тата третиот гол остварувајќи го првиот „хет-трик“ на првенството.
Така Меси стигна до 16 голови на Мундијалите и се изедначи со досегашниот рекордер Мирослав Клосе од Германија.
Аргентинците следниот натпревар ќе го играат на 22 јуни во Арлингтон, Тексас, а противник ќе им биде Австрија.
| 📅 | ⏰ | 👑 Ј група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
































