Светскиот вицепрвак Франција со победа го стартуваше годинашниот Мундијал, што се одржува во САД, Канада и Мексико
Во воведниот натпревар од И групата, одигран во Њујорк, Французите победија со 3-1.
Првата голема шанса натпреварот ја имаше репрезентацијата на Сенегал. Во 25-тата минута, ударот на Николас Џексон заврши во стативата од голот на Триколорите. Светскиот вице шампион преку Килјан Мбапе се обидуваше да го загрози голот на Сенегалците, но по првите 45 минути, мрежите мируваат.
Во второто полувреме, Французите притиснаа уште посилно. Мбапе се најде во неколку добри шанси пред конечно да ја начне мрежата на противникот. Тоа се случи во 66-тата минута, кога Олисе прекрасно го проигра Мбабе за водство на Франција од 1-0. Во 80-тата минута францускиот селектор Дешамп се реши да направи измена. Од игра го повлече Дембеле, а на негово место го уфрли Бакола. Овој само минута подоцна му возврати со погодок за 2-0. И кога сите очекуваат дека со тој резултат ќе заврши натпреварот во судиското дополнение уште два гола.
Сенегалците преку Мбаје (90+5) се вратија во игра во игра и се понадева дека можеби може да освои бод. Но така не размислуваше Мбапе само две минути подоцна на ефектен начин со својот втор гол ги постави конечните 3-1 за Франција.
Во вториот натпревар од оваа група норвешка ирак, ќе играат вечерва на полноќ.
| 📅 | ⏰ | 👑 И група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































