Мапката одбојкарска репрезнетавција на Макеоднија, се радуваше на нова победа во ЦЕВ Европската лига.

Македонските одбојкари во Атина, ја совладаа селекцијата на Исланд во три сета.

Во текот на целиот натпревар избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ја контролираа играта и резултатот. Можеби, навидум, според резултатот по сетови, не беше така, но црвено-жолтите знаеја како до победата. Во првиот сет Исланд освои 21, а во вториот 23 поени. Третиот сет македонските одбојкари го добија со 25-19.

За Македонија ова е втора победа во годинашното издание на Европската лига, откако во Струмица минатиот викенд славевме над Луксембург. Утре македонската репрезентација ја чека дуел со лутот ривал Грција.

Инаку грчкиот телевизиски „бродкастер“ не се воздржа, а да не испровоцира. Така за време на телевизискиот предност наместо меѓународниот код „MKD“, стоеше „NMKD“