Ракометниот клуб Чаир продолжува активно да го комплетира составот за новата сезона.

Најново засилување е десното крило Росана Павлова, која од наредната сезона ќе го носи дресот на чаирчанки.

Павлова во изминатите две сезони настапуваше за Куманово, каде што пристигна од екипата на Скопје. Со своите квалитетни и константни настапи брзо се наметна како една од поважните алки во тимот, оставајќи забележителен впечаток во домашното првенство.

Со ангажманот на Павлова, Чаир продолжува со засилувањата за претстојната сезона. Претходно клубот ги обезбеди услугите на бековите Михаела Кралева, Нора Махмуд и Стефани Ристиќ, како и пивотот Михаела Вељаноска, со што амбициозно го гради тимот за новите предизвици.

Ивона Кимовска