Како „предигра“ на вчерашниот втор меч во плејофот на женскиот одбојкарски шампионат меѓу Наковски волеј и Јанта волеј, кој го доби домашниот тим, во најмала рака се случија СРАМНИ СЦЕНИ.
Среќа во несреќата е што тензијата не мина во поголема физичка пресметка на дел од стручните штабови на двете екипи. Ривалството меѓу овие одбојкарки колективи е познато, но она што се случуваше пред самиот натпревар е ОЧАЈНО.
„Блиска средба“ на тренерите и сопственици на клубовите, која беше спречена да ескалира во поголем инцидент од страна на судиите, комесарот Карановиќ и луѓе од обезбедувањето, до обид за напад на една од гостинските одбојкарки, па и влез на терен на лице кое не можеме и не сакаме да го именуваме како „навивач“, се дел од сцените кои беа забележани и споделени на социјалните медиуми.
Со оглед на тоа дека овие екипи ќе треба да одиграат и „мајсторка“ за влез во финалето, само може да претпоставуваме како ли ќе на третиот меч што ќе се игра во Скопје!?
На потег е Одбојкарската федерација…