Екипата на Лацио го доби дербито против Јувентус во рамките од 29-тото коло на италијанската Серија А.
На средбата одиграна вечерва на „Олимпико“ во Рим, домаќините славеа со 2-1.
Србинот, Милинковиќ-Савиќ во 38.минута му донесе водство на Лацио, кое траеше само четири минути, односно до 42-та минута кога Французинот, Рабио изедначи.
„Лацијалите“ фуриозно нападнаа во второто полувреме и по одлична асистенција на Луис Алберто, преку Закањи во 53 минута успеаја да го вратат водството.
Иако Јуве со сите сили се обидуваше да стигне до израмнување, сепак „бјанко-нерите’ не успеаја во тоа па Лацио славеше заслужена победа.
Со обој триумф Лацио се зацврсти на второ место со 58 поени, пет повеќе од градскиот ривал Рома кој денеска со 1-0 славеше над Торино.