Виљареал славеше голема победа на гостувањето во Мадрид кај Реал во мечот од 28.коло на шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ како уште да беа опиени од големата победа над Барселона во полуфиналето на „Копа дел Реј“, па иако два пати водеа, на крајот мораа да подадат рака на победникот Виљареал.

Иако домаќините први поведоа уште во 16-минута и тоа благодарение на автоголот на Торес, сепак тоа не ја поколеба гостинската екипа која знаеше што сака на овој меч.

Чуквуезе беше јунакот на гостинската екипа, откако 39-минута го израмни резултатот на 1-1, постигнувајќи го првиот свој гол на мечот.

На самиот почеток на вториот дел, односно 48-минута Винициус одново му донесе предност на Реал. Популарната „жолта подморница“ одново се врати го игра в0 70-тата минута со голот на Моралес, а во 80-тата Чуквуезе со својот втор гол, донесе комплетен резултатски пресврт и водство на гостите од 3-2.

Иако Реал се обидуваше да ја анулира негативата, сепак до крајот резултатот остана непроменет па Виљареал заслужено славеше победа.

На овој пораз сигурно се радуваа и фудбалерите на Барселона, кои имаат 12 бодови повеќе од Реал, а во понеделник против Џирона ќе можат да одат и на +15 односно чекор поблиску до шампионскиот трофеј.