Грчкиот тим на Олимпијакос ја освои шампионската титула во кошаркарската Евролига.
Во финалето на завршниот турнир одржан во Атина, Олимпијакос го совлада Реал Мадрид со 92:85.
Во салата каде настапува лутиот ривал Панатинаикос, навивачите на Олимпијакос, а ги имаше над 15.000 можеа да се радуваат на трофејот. До него кошаркарите на Олимпијакос дојдоа тешко бидејќи во еден миг губеа и со двоцифрена разлика. Малку фалеше и во завршните 10-тина секунди, шпанскиот тим да се избори и за продолжение, но тоа не им успеа.
Така Олимпијакос четврти пат во својата историја ја освојува Евролигата, а прв по пауза од од 13 години. И тогаш Олимпијакос во финалето славеше над Реал. Воедно грчкиот тим му се реваншира на Реал и за поразот пред три години во Каунас кога загуби во полуфиналето.
Шпанскиот „кралски“ клуб и по 21-вото финале останува на 12 трофеи, а последниот го освои во 2018-тата година.
The 🏆 ceremony @Olympiacos_BC #F4GLORY pic.twitter.com/6uZdQhEsxb
— EuroLeague (@EuroLeague) May 24, 2026




































