Рома со минимална победа во гости против Торино се искачи на третото место во најсилната италијанска лига, Серија А.
Многу рано уште во осмата минута , гостите стигнаа до водство. По играта со рака на домашниот фудбалер Пер Шурс, беше досуден пенал, кој Дибала лесно го материјализира за водство од 1-0.
Во продолжението се играше „досаден“ фудбал во кој имаше само уште еден удар во рамките од гостинскиот гол, па резултатот остана ист 1-о за Рома.
Ова е многу важна победа за „Римската волчица“ кој сега ја заземаа третата позиција на табелата со 53 поени, два помалку зад градскиот ривал Лацио кој вечерва игра со Јувентус, додека Милан и Интер се зад Рома со 52 односно 51 бод.