Европа ќе добие нов клупски кошаркарски шампион. Ова откако во првиот полуфинален натпревар на завршниот фајл-фор турнир во Атина, грчкиот Олимпијакос го надигра актуелниот првак Фенербахче.
Во преполната „ОАКА“ арена, која е дом нападнат Панатинаикос, нивните најлути ривали кошаркарите и навивачите на Олимпијакос се радуваа на триумф со конечни 79-61.
Уште на стартот на натпреварот беше јасно дека актуелните шампиони Фенербахче нема што да бараат на овој натпревар. Седум минути турскиот тим беше без постигнат кош, а Олимпијакос го отвори натпреварот со 12:0. Така беше и во наредните три четвртини, во кои грчкиот состав правеше 11:0, па 9-0, па 12-0. Во неколку наврати Фенербахче се обидуваше да се врати во игра, од -20 дојде и на едноцифрена негатива. Но, нема сили избраниците на Јасикевичиус комплетно да ја анулираат негативата.
Така Олимпијакос за првпат по пауза од сезоната 2022/2023 повторно ќе се бори за шампионскиот трофеј.
Кој ќе биде противник во неделното финале на грчкиот состав ќе дознаеме по вечерашниот втори полуфинален меч. Во него ќе играат шпанските ривали Реал Мадрид и Валенсија.






























