Шампионот Оклахома Сити поведе со 2-1 во финалето на Западната конференција против Спарс. Ова откако ноќеска Тандес со 123-108 победи на гостувањето во Сан Антонио во третиот натпревар од нивната плејоф серија.
Домаќините добро го отворија натпреварот и поведоа со 15:0, но на крајот од првата четвртина имаа само пет поени разлика (26:31). До полувремето, Тандерите веќе имаа игра и водеа со 58:51. Шампионот имаше многу расположени играчи, а голема поддршка старата петорка доби од „резервистите“. Тие постигнаа вкупно 76 поени што е нов НБА рекорд во оваа категорија.
Сепак, најдобар играч на Оклахома повторно беше Шаи Гилџус-Александар со 26 поени и 12 асистенции, додека Џаред Мекејн постигна 24 поени. Кај Спарс, Виктор Вембањама со 26 поени, а го следеше Девин Васел со 20 поени.
И следниот натпревар ќе се игра во Сан Антоанио во недела кон понеделник во 2 часот. Во истиот термин ноќеска ќе играат Кливленд и Њујорк во дуелот број 3 од финалето на истокот во кое Никс водат со 2-0 во победи.





























