Њујорк Никс поведоа со 1-0 во финалето на Источната конференција откако ги победија Кливленд Кавалирс со 115-104 на домашен терен.

Никс заостануваа со 22 поени пред да го изведат еден од најголемите камбекови во плејофот и да победат.

Кавсите ја контролираа играта во поголемиот дел од натпреварот, водејќи со 93:71 на средина од четвртата четвртина, но потоа Никсите направија серија од 18:1 за пресврт. Резултатот на крајот од четвртата четвртина беше 101:101, со што натпреварот отиде во продолжение. Никсите го добија дополнителните пет минути со 14:3, за нивна осма победа по ред во плејофот.

Враќањето од негатива од 22 поени е најголемо во плејофот во историјата на тимот од Њујорк. Џејлен Брансон со 38 поени, беше прв стрелец кај победникот, а Донован Мичел беше за Кавси постигна 29 поени. И следниот натпревар ќе се игра во Њујорк во петок наутро, а ноќеска на програмата е вториот натпревар во западното финале. Во него шампионот Оклахома има негатива од 0-1 во дуелите со Сан Антонио.