Александар Исак донесе победа за Ливерпул на гостувањето кај Борнмут со минимални 1-0 во 5.коло од Премиер лигата.

Шведскиот напаѓач, Исак го постигна одлучувачкиот гол во 57.минута по одличниот продор на Коди Гакпо и одбиената топка во шеснаесетникот.

За Ливерпул ова е само втора победа сезонава, со која се искачи на шестото место на табелата со девет бода, колку што имаат и Брентфорд, Лидс и Евертон.

Борнмут сè уште ја чека првата победа сезонава и останува на 17. позиција со три освоени бода.